| четврток, 6 декември 2018 |

Гостиварците превентивно задржани за специјални гас-тестови

Toksikologija truenje01 (Custom)

На Клиниката за Токсикологија во Скопје направените анализи не покажале никакви здравствени промени кај примените гостиварци. Сепак, Токсикологија ги презема сите мерки за да се утврдат причините за негативните појави кај хоспитализираните ученици и професори. Затоа, како што се посочува, иако не се во влошена здравствена состојба, ќе бидат задржани оваа ноќ во болницата. За тоа време ќе им бидат направени и специјални таканаречени гас- тестови, со кои се открива присуство на штетни супстанции по здравјето. Со цел да се избегне етничка или политичка конотација на случајот, вечерва на Клиниката за токсикологија биле повикани и доктори- етнички Албанци.

Како што претходно објави Република, во 2003 исто така група на ученици и професори етнички албанци се пожали на влошена здравствена состојба предизвикана од непознат гас. Анализите не покажаа присуство на штетни материи, ниту влошена здравствена состојба.

 

 

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top