-За дешифрирање на кодот потребно е да се замени руната со последниот глас од името на таа руна. Пример руната која ја означува буквата ф се чита „фе“ и кодот се претвора во е, додека руната за буквата к се чита како „каун’ и станува н“- објаснил Нордби во интервјуто.
Криптолозите претходно сметале дека овој код се користел за пренесување на тајни пораки, но Нордби смета дека тој бил користен за учење на руните и за паметење на редоследот на буквите во алфабетата.
-Нема многу причини да веруваме дека со нив се криеле чувствителни пораки. Луѓето често на тој начин пишувале кратки пораки- изјавил Нордби.
Така е откриено дека значењето на една од пораките напишана со овој код, која долго време ги загрижувала експертите многу едноставно гласи: „Бакни ме“.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Поврзани вести
-
Испратил електорнска порака и потоа се самозапали во Њујорк
-
Последната порака на Милан ја леди крвта – само еден месец потоа загина со жената!
-
„Те молам немој да се размножуваш“, порака на шофершајбна која стана хит на социјалните мрежи
-
Дона Арес имаше само една желба пред смртта: Ова е нејзината последна порака