Министерот за образование и наука Спиро Ристовски направи увид во реконструкцијата на основнот училиште „Свети Кирил и Методиј“ и гимназијата „Кочо Рацин“ каде во еден дел е сместено и хемиското училиште „Димитрија Чуповски“. Обновата на ООУ „Свети Кирил и Методиј“, кое е едно од најстарите во земјава со 157 години постоење, беше во рамките на Владиниот проект за реконструкција на 16 основни и средни училишта во Македонија. Придружуван од градоначалникот на Општина Велес Славчо Чадиев и директорите на двете училишта Ристoвски изрази задоволство од изведените работи на реконструкција и санација на овие две велешки училишта, за кои средства се издвоени од ресорното Министерство, односно од Владата и оцени дека ООУ „Свети Кирил и Методиј“ е едно од најдобрите училишта во земјава по внатрешниот и надворешниот изглед и начинот на одржување.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.