| четврток, 6 декември 2018 |

Аргентинскиот фудбалски бисер Вието во Наполи, Пандев оди во Фиорентина?

Аргентинскиот фудбалски бисер Лучано Вието индиректно може да влијае на заминувањето на македонскиот репрезентативец Горан Пандев од Наполи, барем според информациите што доаѓаат од Италија. Вието има 20 години, а неговиот менаџер Хорхе Цитершпилер веќе беше во Неапол, заедно со легендата Диего Армандо Марадона и првичните контакти се направени.

Велоти е голема надеж на аргентинскиот фудбал, може да игра на неколку позиции во нападот, а особено заинтересиран за негов ангажман е тренерот Рафаел Бенитез. Ако Велоти, кој патем има и италијански пасош, бидејќи има корени од Апенините, пристигне во Неапол во јуни, тогаш тоа, според италијанските медиуми, би значело сигурно заминување на Пандев од Наполи.

Се споменува летен трансфер на нашиот репрезентативец во Фиорентина или во некој од клубовите во Премиер лигата, од каде што порано Пандев имаше понуди.

 

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top