Жител на тетовското село Желино бил прободен со нож во тепачка која се случила во центарот на Тетово.
Тепачката се случила вчеравечер околу 20 часот на улица „Маршал Тито“. Во тепачката на Б.С. (21) му биле нанесени убодни рани со нож во левата страна од стомакот и на грбот. Полицијата набрзо ги идентификувала напаѓачите и тие во текот на денешниот ден се повикани на разговор во СВР Тетово.
Повредениот итно бил опериран во тетовската болница и е надвор од животна опасност.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.