Викендов првпат ѕвездите и танчарите во „Танц со ѕвездите“ ќе играат на песни кои ќе бидат изведувани во живо.
Продукцијата „Дрим фактори“ направи нов чекор во втората сезона на македонската верзија на најпопуларното светско шоу „Танц со ѕвездите“. Викендов во четвртата по ред елиминациска емисија ќе погледнеме гостување на единствениот Петар Ренџов со извонредниот „Тумбао салса бенд“.
Како што се намалува бројот на танцови двојки, така шоуто станува сѐ поинтересно, но и повозбудливо бидејќи само една двојка на крајот ќе се круниса со титулата најдобра танцова двојка за сезоната. Минатата недела последниот танц го изиграа манекенот Стефан Лошковски и танчарката Симона Веселиновска, кои иако важеа за фаворити, го напуштија шоуто.
В сабота и недела со почеток во 20.15 часот ќе дознаеме која танцова двојка е следната која ќе се збогува со шоуто кое важи за едно од најгледаните во Македонија.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.