| четврток, 6 декември 2018 |

Шарлот стави крај на серијата на Бостон

Шарлот Бобкетс ја сопреа серијата на Бостон од 7 победи во низа со триумф од 94-91. Тоа беше единствената победа на домашна екипа во НБА програмата утринава од вкупно 8 меча.

Бобкетс се најслабата екипа во лигата, но одиграа одлично против ветераните од Бостон и заслужено славеа. Бајрон Маленс даде 25 поени, а помогнаа и Рамон Сешнс и Кемба Вокер со по 19 поени. Селтикс претходно одиграа меч во три продолженија против Денвер и веројатно и заморот си го зеде данокот.

Вистинско шоу во Филаделфија приредија кошаркарите на Лос Анџелес клиперс. Крис Пол, Блејк Грифин, Џамал Крафорд, Деандре Џордан и останатите беа атрактивни, убедливи и славеа со 107-90. Интересно е што најефикасен на мечот беше Ник Јанг од поразената екипа со 29 поени.

Доминацијата на гостинските екипи кои забележаа 7 победи во вкупно 8 натпревари ја потврдија и Минесота, Бруклин, Њу Орлеанс, Сан Антонио, Вашингтон и Атланта.

Резултати: Шарлот – Бостон 94-91, Филаделфија – Л. А. Клиперс 107-90, Чикаго – Сан Антонио 89-103, Милвоки – Вашингтон 90-102, Индијана – Бруклин 84-89 (продолжение), Кливленд – Минесота 92-102, Далас – Атланта 101-105, Детроит – Њу Орлеанс 86-105.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top