Тројца струмичани се фатени како шверцуваат седум авганистански државјани, по цена од 50 евра за мигрант. Полицијата имала сознанија за нив и ги фатила на дело.
МВР за ова соопшти:
„Регионалниот центар за гранични работи – Свер до Основното јавно обвинителство за организиран криминал –Скопје, поднесена е кривична пријава против лицета К.П. (51), М.З. (49), З.П. (29) тројцата од Струмица, за сторено кривично дело – “криумчарење на мигранти“ казниво по член 418-б став 2 и став 4 од Кривичниот законик на РМ. На пријавените лица , од страна на ОЈО-Скопје одредена им е мерка притвор во траење од по 30 дена.
Имено, завчера (12.02.) во 21,00 часот, а по претходно добиени оперативни сознанија за лица и возила со кои се врши криумчарење на мигранти, во координирана акција на инспектори од ОПКМ, ГН и УПС од ПС за ГН Сопот, Пелинце и Гошинце при РЦ за ГР Север биле сопрени две ПМВ со струмички регистарски таблички во кои се превезувале седум мигранти од Авганистан.
Околу 21.00 часот забележани се три ПМВ кои се движат со голема брзина во правец на автобуската станица Куманово, при што две од нив се сопрени од страна УПС на ул. Братсво и Единство бб , додека третото возило се упатило во непознат правец. Во првото ПМВ марка „Hjundai santa fe“ управувано од првопријавениот К.П. се пронајдени четири лица илегални мигранти без документи за идентификација по потекло од Авганистан, во второто ПМВ марка „DAEWU Leganza“ управувано од второпријавениот М.З. се пронајдени три лица без документи за идентификациај а по потекло од Авганистан, додека третото возило марка BMV кое не застанало на даден знак СТОП од страна на УПС, и се упатило во непознат правец било управувано од третопријавениот З.П.
Од извршениот разговор со лицата, дознаено е дека се работи за организирана група која во повеќе наврати на точно определено место ги превземала мигрантите во близина на Ново Село, струмичко, поточно кај с. Смоларе (во непосредна близина на границата со Р. Бугарија), каде што НН лице давало инструкции и по претходен договор им ги предавало на пријавените мигрантите кои потоа ги превезувале до паркот во близина на меѓуградска автобуска станица во Куманово. Од таму ги превземало НН лице по потекло од Авганистан и истите се префрлувале до с. Ваксинце и с. Лојане, а понатаму преку Србија во земјите од ЕУ.
За извршување на овие дејствија иситите требало да добијат по 50 евра од мигрант кои ќе им биле исплатени веднаш по враќањето во Струмица. Лицата К.П. и М.З. се приведени во ПС за ОН Кисела Вода за понатамошна постапка, а за лицето З.П. е распишана потрага по лице, додека седумте мигранти државјани на Авганистан, се сместени во Прифатниот центар за странци.“
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.