| четврток, 6 декември 2018 |

Генетичарите утврдија: Калашите се потомци на античките Македонци

kalasi

Калашите, мало племе кое живее во планината Хинду Куш во Пакистан и кое себеси се сметаат за потомци на античките Македонци, навистина се тоа што тврдат дека се, потврдија генетичарите во написот објавен во познатите научни списанија „Природа“ (Нејчр) и „Наука“ (Сајанс).

Група генетичари испитувале ДНК од 1490 луѓе од 95 популации во светот. Целта била да се открие колку расите меѓусебно се мешале за последните 4000 години.

Во генот на Калашите се најдени маркери кои укажуваа на европско и блискоисточно потекло за периодот 210 година пред новата ера и 900 година од новата ера, што одговара на нивното тврдење дека се потомци на војници од војската на Александар Македонски кои решиле да останат да живеат во овие планини..

Истражувањето на генетичарите е преставено и во интерактивна мапа.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top