| четврток, 6 декември 2018 |

Белгија одобри евтаназија на деца

evtanazija

Сенатот на федералниот парламент на Белгија усвои измени во Законот за евтаназија од 2002 година, одобрувајќи евтаназија на деца. Со овие измени Белгија е втора земја, по Холандија, која ја одобри евтаназијата на деца. За предлогот гласаа 86 паратеници, против беа 44, а 12 пратеници гласале воздржано.

Текстот предвидува евтаназијата да се однесува на деца што „можат да разбираат“ и тоа е основна разлика со холандскиот закон, кој наведува дека таа процедура се применува за деца со повеќе од 12 години.
Барањето за пристап кон евтаназија се однесува на дете што страда од неизлечиво заболување или од неподносливо физичко страдање, чијшто крај по природен пат не би настапил набрзо, се наведува во измените на законот.
За разлика од децата, возрасните во Белгија можат да бидат подложени на евтаназија и при неподносливи психички состојби.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top