| четврток, 6 декември 2018 |

Ги демолирал просториите на УЈП Струга оти му ја блокирале сметката заради такса за МРТВ

salteri-ujp-540x272

Граѓанин од Струга кој имал неподмирен долг по основ на радиодифузна такса и на истиот му била блокирана трансакционата сметка, денеска во Управата за јавни приходи во Струга ги демолирал влезните простории:

– Денеска во Управата за јавни приходи – шалтерско одделение во Струга, во утринските часови околу 09:15 часот, даночен обврзник со неподмирен долг по основ на радиодифузна такса изврши демолирање на стаклата од влезната врата, како и стаклата на дел од внатрешните простории, изјави Оливера Далческа од шалтерското одделние во УЈП Струга.

Обидите на дел од вработените да го спречат незадоволниот човек биле безуспешни, поради што била побарана интервенција од Полициската станица во Струга:

– Од страна на вработените лица во УЈП беше направен обид да се спречи во неговата намера но сето тоа беше безуспешно. Потоа беше повикана струшката полиција од чија страна даночниот обврзник беше приведен, додаде Далческа од УЈП Струга.

Од Управата за Јавни приходи информираат дека ова е втор случај на вакво насилно однесување на лице на кое му се блокира сметката за неподмирен долг по основ на расиодифузна такса. Ист случај со вакво однесување од страна на даночен обврзник бил регистриран минатата година во Куманово.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top