Во тузланскиот кантон е одлучено да се укине правото на функционерите на плата по истекот на мандатот. Предлог-одлуката за укинување на таканаречениот „бел леб“ е донесен на барање на пленумот на граѓани, кој ги претставува демонстрантите.
Колегиумот на Собранието на тузланскиот кантон ги разгледа и другите барања кои се однесуваат на платата и надоместот на избраните претставници, како и на вработените во јавниот сектор и решенијата за уредување на таа област ќе бидат проследени во кантоналното Собрание на усвојување.
Пленумот на граѓани на Тузла денеска се закани со нови демонстрации доколку во рок од 72 часа не бидат прифатени нивните барања, меѓу кои и укинување на функционерските привилегии.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.