Дивата на популарното куклено шоу „Мапет шоу“, Мис Пиги досега соработувала со многу познати дизјенри и модни куќи, а за својаа венчаница ја одбрала легендарната британска дизајнерка Вивијан Вествуд.
Мис Пиги венчаницата ќе ја облече во филмот „Најбараните мапети“, кој ќе се појави оваа година, иако нејзниот жабок Кермин официјално не ја побарал за жена.
По тој повод Мис Пиги направила интевју со Вивиен Вествуд за американскиот „Харпер’с Базар“ и позирала во венчаницата. Интересно е да се спомене дека фустанот е изработен од пластични шишиња за вода, а е инспириран од фустаните што се носеле во Британското Кралство во 17 век.
Освен венчаницата, Вествуд на Мис Пиги ѝ креираше и сив капут со шешир и рачно извезен сребрен цветен фустан. Мис Пиги е, навистина, едно среќно прасе!
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Поврзани вести
-
Специјална проекција на филмот „На мапата“ посветен на Тал Броди, кошаркар на „Макаби“
-
„Младешка осаменост“ – хибридниот документарец на Клер Симон во кината низ Македонија
-
Детскиот филм „Господин Мол и фабриката за чоколадо“ во кината низ Македонија
-
„Македокс“: Зимска реприза на филмот „Над возможното“ во кино Култура