Само третина од 244 сексуални престапници во американската воена база во Јапонија завршиле во затвор. Во 30 случаи, единствена последица е писмо со предупредување. Сексуалните престапници во базите на американската војска во Јапонија речиси никогаш не завршуваат во затвор за своите дела. Наместо тоа, се казнуваат со одземање на чинот, парични казни или дури само со писмо со опомена, пренесува американската агенција „Асошиејтед прес“. Во над илјада документи во кои агенцијата имала увид детално биле опишани стотици сексуални злосторства на американски офицери.
Извештаи за сексуални злосторства пријавени во периодот од 2005 до 2013 година покажале дека само една третина од 244 престапници биле затворени. Во 30 случаи, писмо со опомена било единствена последица. Од документите било утврдено дека случаите различно се процесуирани во различни редови на војската со очигледни недоследности меѓу тоа како се третираат обвиненијата меѓу маринците и во воздухопловството.
Од 270 сексуални престапници меѓу маринците, 53 биле испратени во затвор, што е драстична разлика во однос на казнетите во морнарицата, каде само 15 од 203 биле затворени. Воздухопловната единица испратила само 21 од 124 сексуални престапници.
Бројот на случаи на сексуално злоставување што ги презел воениот суд пораснал од 42 проценти во 2009 на 68 проценти во 2012 година, покажуваат податоците на Одделението за превенција од сексуално злоставување во војската.
Меѓутоа, овој тренд не се забележува во јапонските предмети. Од 473 обвиненија против морнари и маринци во Јапонија во периодот од 2005 до 2013 година, само 116, што е 24 проценти, завршиле пред воениот суд.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.