Македонија е рангирана на 36. место од 100 најдобри земји во светот за бизнис, објави проталот „Лидер“. Стив Форбс, сопственикот и издавач на американското најпознато списание за економија „Форбс“, оценува дека Македонија е шеста држава по монетарна слобода, на 16. по заштитата на инвестициите и 46. по трговската слобода, јави дописникот на МРТ од Вашингтон.
Форбс забележува и зголемување на иновациите во Македонија, што е добар сигнал дека државата економски се развива. Сепак, според влијателниот Стив Форбс, светот и во 2014 година не е целосно излезен од економската криза предизвикана од нестабилните валути. Според Форбс, време е светот да се врати на стариот капиталистички концепт за гаранција на валутите со злато.
– Можете да имате монети ако сакате, но со стандардот со злато значи дека имате мерка за вредноста на парите. Тогаш познати се вредностите и на стоките што ги купувате. Нема да морате да се грижите за промената на вредноста – изјави Стив Форбс- сопственик и издавач на економското списание „Форбс“.
Форбс оценува дека ниту Сенатот и Конгресот во САД ниту Европскиот парламент нема да прифатат враќање на вредностите на валутите како пред 1971 година, кога речиси сите валути во светот биле вреднувани по унци злато. Во светот сѐ уште 160 држави користат ваков начин на вреднување на валутите, а најуспешна приказна е Велика Британија, чија фунта е гарантирана со злато и е стабилна повеќе од 200 години. Сѐ додека нема монетарна стабилност во светот, оценува Форбс, и американските компании нема да се впуштаат во нови инвестиции.
Списанието „Форбс“ е најчитаното списание на 100 најпрофитабилни компании во светот. Во него Македонија се оценува како новата топ-дестинација за економија во Европа.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.