| четврток, 6 декември 2018 |

Македонците во Швајцарија и натаму не можат да поседуваат оружје

oruzje

Швајцарската влада денеска соопшти дека ќе ја укине забраната за поседување оружје за граѓаните на Хрватска и на Црна Гора, но дека таа ќе остане на сила за државјаните на Србија, Босна и Херцеговина, Македонија, Алжир, Албанија, Шри Ланка и на Турција – објави „А1он“.
Во соопштението на швајцарскиот Федерален совет се наведува дека е заклучено новата членка на ЕУ, Хрватска, и Црна Гора повеќе да не бидат на листата на држави чиишто државјани не смеат да купуваат ниту да поседуваат оружје, пренесе „Асошиејтед прес“.
Постојат три критериуми за забрана на граѓаните на одредени држави во Швајцарија да користат оружје, односно доколку во државата има поголем број луѓе од државите во кои  имало војна или вооружен конфликт, доколку во Швајцарија имало судир меѓу луѓето од тие држави, како и во случај на шверцување оружје од конфлитните региони во оваа држава.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top