Поради непоседување лиценца, на седум таксисти лани трајно им биле одземени возилата, на 241 несовесен граѓанин им биле кренати автомобилите од парковите и од зелените површини, а секој ден, во просек, по пет лица се фаќаат како се возат без билети во автобусите на ЈСП, вели статистиката од минатата година за работата на градските комунални инспектори, но и редари, пишува „Дневник“.
– Во 2013 година редарите, освен редовните контроли во урбаниот дел на градот, вршеа и вонредни контроли и акции во руралниот дел, како и покрај текот на реките Вардар и Лепенец. Овие контроли периодично беа спроведени и во соработка со општински редари и беа реализирани во три смени – објаснуваат надлежните од градскиот комунален сектор.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.