Лавина од реакции на социјалните мрежи и порталите предизвика во средата информација дека македонскиот натпреварувач на 22-те Зимски олимписки игри во Сочи, Дарко Дамјановски го продава мобилниот телефон подарок од организаторите на Игрите со знамето на земјата што ја претставува.
Нема реакција од спортистот дали огласот е шега или е непромислен потег кој ги навреди чувствата на повеќето почитувачи на спортот, кои истакнуваат дека нему му беше укажана довербата да биде знаменосец на скромната македонска делегација во Сочи, пренесува Макфакс.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.