| четврток, 6 декември 2018 |

Канаѓаните со одлична идеја за пиење бесплатно пиво

Канадските спортисти кои учествуваат на Зимските олимписки игри во Сочи може да се каже дека ја имаат најголемата привилегија таму.

Тие имаат нешто што ниедна друга репрезентација го нема – фрижидер со пиво кој се отвара откако ќе го скенира пасошот и ќе утврди дека е канадски.

Канаѓаните очигледно толку го сакаат своето пиво, што компанијата „Molson Canadian“ направила посебен фрижидер кој има за задача да се погрижи канадските спортисти во секое време да добијат бесплатно пиво – се додека со себе ги имаат своите пасоши.

Фрижидерот прво ја проверува автентичноста на сликата од пасошот, а потоа исфрла чаша ладно пиво.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top