| четврток, 6 декември 2018 |

Крушево – град на културата во Македонија за 2014 година

Krusevo-prilog-1

Крушево е избран за град на културата за 2014 година, информираат од Министерството за култура.

– По разгледувањето на апликациите пристигнати на Конкурсот за финансирање проект од национален интерес за манифестацијата „Град на културата за 2014 година”, одлучено е дека општината Крушево, со понудената програма, ги исполнува условите да биде  престолнина на културата во 2014 година. Програмата на општина Крушево содржи конкретни, квалитетни и разновидни културни содржини, а е збогатена и со традиционални фестивали и манифестации кои ќе бидат реализирани под еден белег „Град на културата
2014 – пишува во соопштението од Министерството.

Во програмата се предвидени музички манифестации од сите жанрови, литературни читања, изложби на реномирани уметници, одбележување на значајни јубилеи на личности и дела, театарски фестивал на млади актери, концерти на духовна музика и промоции. Во програмата ќе учествуваат уметници од сите генерации.
Крушево изобилува со просторни капацитети и локации за реализација на овие настани, што ќе придонесе за нивно заживување, целосна искористеност и афирмација. Програмата ќе биде реализирана во установите, на плоштадот во централното градско подрачје, на Крушевското Езеро, на споменикот Илинден и ќе понуди културни настани низ текот на целата година.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top