| четврток, 6 декември 2018 |

Тодоров: Со новата опрема до поефикасна здравствена заштита во Пехчево

todorov 2

Министерот за здравство Никола Тодоров денеска ги посети реконструираните простории во Здравствениот дом во Пехчево и направи увид во функционирањето на новонабавената опрема во текот на минатата година.

– Со 2,5 милиони денари во опрема и со 1,1 милион денари за реконструкција на покривот, Министерството за здравство минатата година создаде услови за поефикасна здравствена заштита на жителите од Пехчево и околните места- изјави Тодоров.

Директорката на Здравствениот дом во Пехчево, д-р Драгица Апостолова, го информираше министерот дека поранешните потешкотии во работењето на таа здравствена установа се надминати со набавка на поголем број медицински апарати како ЕХО на срце, мамограф и други дијагностички апарати, но и со можноста за специјализација на докторите од таа јавна здравствена установа.

Во Здравствениот дом во Пехчево се вработени 34 лица медицински персонал, но има потреба од педијатар, за што е во тек конкурс и според најновите сознанија на директорката наскоро овој проблем ќе биде надминат бидејќи од Скопје се јавил кандидат за пополнување на тоа работно место.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top