Европратениците, анализирајќи ја последната резолуција на Европскиот парламент (ЕП) за напредокот на Македонија
во 2013 година, изгласана минатата недела, истакнуваат дека „треба да се искористи грчкото претседателство со ЕУ
за да се реши проблемот со името и Македонија да започне преговори за членство во ЕУ“.
Европратениците, посебно тие кои ја поддржуваат евроинтеграцијата на Македонија, се убедени дека последната резолуција на ЕП за Македонија е многу посилна од претходните.
– Мислам дека тоа е добра резолуција, бидејќи ги повторува позитивните зборови кои ги употребувавме и во минатите години. Тоа што ми се допадна во дискусијата на пленарното заседание е што апсолутното мнозинство од сите кои зборуваа, рекоа дека сега е потребно да се започне со преговорите за членство во ЕУ. Потребно е и да се искористи позитивно сегашната позција на Грција како претседавач со ЕУ, за грчката влада конструктивно да
придонесе за решавање на проблемот кој трае долго време – изјави, Едуар Кукан, европратеник од редовите на Народните партии.
Смета дека е потребен компромис од двете страни за да се најде решение за проблемот со името и оти сега е вистинскиот момент за тоа.
– Јас сум оптимист, но не многу за идниот развој. Невозможно е да се задржи вечно позицијата во која се наоѓаме сега, бидејќи ако ништо суштински не се случи за време на грчкото претседателство ќе биде тешко да се очекува дека нешто ќе се случи потоа – нагласува Кукан.
Слично размислува и неговата колешка од Романија Норица Николај, од редовите на групата на Либералите.
– Прв пат сметаме дека Грција ќе донесе одлука околу името, бидејќи нејзиното досегашно однесување е злоупотреба на позиција и тоа треба да се прекине – изјави Николај. Таа во дебатата побара да се прекине со хипокризијата кон Македонија.
– Јас бев иритирана од позицијата на Советот, кога грчкиот министер за надворешни работи Венизелос, побара уште напредок, велејќи дека проблемот со невработеноста е голем во Македонија. Но јас го потсетив дека во седум земји од ЕУ стапката на невработеноста ја надминува таа на Македонија – рече Николај.
Однесувањето на Грција, посочи, е хипокризија, затоа ја повикувам да прекине со тоа однесување и да води проевропска политика.
– Се надевам дека Македонија ќе започне со преговори. Тоа е во интерес не само на Македонија, туку и на ЕУ, бидејќи Унијата има потреба од Македонија во нејзините рамки – потенцира Николај.
Извор: МИА
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Поврзани вести
-
Нова демократија: Нови разговори со Скопје, ако Сириза не успее да го ратификува договорот
-
Столтенберг му ја врачи поканата за почеток на преговорите за НАТО на Заев
-
Ристо Никовски: Почнуваме де факто ужас без крај, ова не е крај на проблемите
-
МД „Илинден“: Власта во Грција недвосмислено кажа дека Македонија може да влезе во ЕУ, но не и „македонизмот“