Синоќа во НБА лигата беа одиграни седум натпревари. Леброн Џејмс по лошата партија против Јута одигра фантастична вечер и постгина 37 поени, само два помалку од личниот рекорд оваа година против тимот на Феникс. Во тимот на Мајами беше отустен Двејн Вејд па целиот товар на себе го преземаа Џејмс и Бош кој додаде 21 поен за победа од 103-97 на паркетот во Феникс. Феникс и покрај одличната сезона во која важат за главно изненадување во лигата го впиша и осмиот последователен пораз од шампионот. Грин и Драгич постигнаа 26 односно 15 поени кај поразените.
Оклахома ја потврди својата доминација во западната конферецнија победувајќи ги ноќеска Портланд со 98-95. Кевин Дурент продолжува со одличните игри постигнувајќи 36 поени и 10 скока. Оклахома губеше на полувреме со 10 разлика, но во вториот дел направи целосен пресврт и со тројката на Џереми Лемб во финишот од мечот успеа да ја направи решавачката разлика за победа. Лемб постигна 19 поени. Дурент во текот на оваа сеозна игра одлично против Портланд. Неговиот просек против Блејзерс изнесува околу 39 поени во оваа сезона.
Резултати:
Шарлот – Далас 114-89, Кливленд – Сакраменто 109-99, Чикаго – Атланта 100-85, Мемфис – Вашингтон 92-89, Феникс – Мајами 97-103, Портланд – Оклахома 95-98, ЛА Лејкерс – Јута 79-96.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.