| четврток, 6 декември 2018 |

Историски рекорд на извоз на вино во 2013

Само во однос на лани, извозот е зголемен за 50 отсто

vino

Македонија руши рекорди со извозот на вино на странските пазари. Порталот Економски Лидер дојде до последните податоци на министерството за земјоделство кои покажуваат дека во 2013 има извоз на вино најголем до сега – 885. 331 хектолитри во вредност од 50 милиони евра. Ако се спореди просек за периодот од 2007 до 2012, лани извозот е за 48 % поголем според количина и 24 % според вредност.

Според експертите во винскиот сектор Македонија станува препознатлив бренд за вино со добар квалитет на странските пазари и за разлика од минатото кога најголем дел од извозоот беше наливното вино со многу пониска вредност, сега се пласира вино во шишиња со квалитет далеку подобар и од минатото. Анализите на ресорното министерство покажуваат дека извозот на вино во ЕУ е зголемен за 45 %, а просечната цена е зголемена за 10 евра по хектолитар во споредба со лани.

“Радува фактот дека е остварена примарната цел на сите програми и мерки на Владата и на Министерството за земјоделство за зголемена промоција и препознатливост на македонско вино. Како резултат на истите, во последниве неколку години најзначајно зголемување се забележува кај извозот на вино во шишиња, при што количината на извезено вино во шише од 2005 година од над 5,5 милиони литри е тројно зголемена и достигнува количини околу 17 милиони литри. Зголемувањето на извозот на вино во шише особено е забележително во земјите кои беа таргетирани во рамките на заедничкиот настап на македонските винарии на саемски манифестации финансиран и поддржан од страна на Мини9стерството за земјоделство и Владата – Германија, Русија и Кина, велат за Лидер од Министерството за земјоделство.

Извозот на вино во шишиња во овие земји бележи значителен пораст, и тоа во Германија (за 3 пати повеќе по количина и 2,8 пати по вредност), Кина (4,4 пати по количина и 3,8 пати по вредност) и Русија 3,7 пати по количина и 2,7 пати по вредност), покажуваат првичните резултати.

целата анализа овде

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top