| четврток, 6 декември 2018 |

Очeкувано – злато за Наталие Гејсенбергер

Наталие Гејсенбергер од Германија го освои златниот медал во санкање поединечно на Олимпијадата во Сочи.

24-годишната Германка, која беше апсолутна фаворитка за највисокот место на престолот, на најдобар можен начин ја оправда улогата. Таа беше најдобра на четирите трки и сосема заслужено бронзата од Ванкувер пред четири години ја претвори во злато.

Среброто го освои нејзината сонародничка Татјана Хефнер, која пак го бранеше приматот Олимписка првенка, а за која ова е трет медал од олимписките игри.

Американката Ерин Хамлин ја освои бронзата и на својата земја за прв пат и донесе медал во овој спорт.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top