| четврток, 6 декември 2018 |

ЗОИ: Злато за Дарија Домрачева

Дарија Домрачева ѝ донесе на Белорусија златен медал од денешната женска биатлонска трка на Игрите во Сочи. Таа беше најбрза, но и најпрецизна во биатлонската пурсуид трката на 10 километри.

До среброто стигна Тора Бергер од Норвешка со заостанување од 37,6 секунди. Првиот медал и тоа бронзен на олимпијадата во Сочи на Словенката ѝ го донесе Теја Грегорин која имаше 42 секунди послаб резултат од олимписката шампионка.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top