Потпретседателот на СДСМ Дамјан Манчевски најави дека ќе поднесе тужба за изнесување невистини и податоци против директорот на Центарот за комуникации на ВМРО-ДПМНЕ, Илија Димовски.
Димовски денеска повторно на прес-конференција побара одговорност од Манчевски и градоначалникот на Куманово Зоран Дамјановски за, како што посoчи, корупциски скандал во кој е вмешана фирма во сопственост на потпретседателот на СДСМ.
– Освен што се повторуваат од вчера, ВМРО-ДПМНЕ не кажува ништо ново. Еве и ние ќе повториме: Државната комисија по жалби за јавни набавки при Владата на ВМРО-ДПМНЕ го потврди изборот за најповолен понудувач. Комисијата во Владата на ВМРО-ДПМНЕ потврди дека во тендерската постапка се е чисто – рече Манчевски.
Веќе подолго време, вели Манчевски, немам никаква врска со таа фирма, ниту некогаш сум остварувал какви било приходи од неа. Ги повика ВМРО-ДПМНЕ сите сомневања коишто ги имаат да ги достават до надлежните институции.
Еве ја реакцијата на Димовски и ВМРО-ДПМНЕ.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Поврзани вести
-
Мицкоски: Ќе покренам тужба против СДСМ за клевета, но и за нарушување на мојот кредибилитет и интегритет (видео)
-
Димовски: Вие одлучивте во овој мандат да не се гради Клинички центар
-
Илија Димовски: Доколку се заврши оваа процедура, одговорно тврдам дека покрај Преамбулата, во Уставот ќе бидат променети најмалку 51 член (видео)
-
„Гугл“ заработи тужба: Одбива да затемни воени локации


