| четврток, 6 декември 2018 |

До јуни повик за концесионер на автопатиштата Гостивар-Кичево и Скопје -Блаце

mile-janakieski
Министерот за транспорт и врски Миле Јанакиески очекува до почетокот на јуни да биде распишан повик за концесионер на автопатските делници Гостивар – Кичево и Скопје-Блаце.
По изготвената физибилити студија, Јанакиески посочува дека Меѓународната финансиска институција ИФЦ ќе анимира што повеќе потенцијални концесионери.
– Патниот правец од Скопје до Охрид, ќе биде предмет на концесија, а физибилити студијата е веќе завршена. Направена е рамката. Нашата цел е до мај ИФЦ да направи повеќе роуд шоа, да анимира повеќе можни потенцијални концесионери и финансиски
институции и очекуваме кон крајот на мај или почетокот на јуни да распишеме повик за пронаоѓање концесионер за патната делница од Гостивар до Кичево, како еден пакет, а вториот пакет е од Скопје до Блаце – најави Јанкиески.
Според него, изградбата на делницата од Приштина кон Скопје за која косовските власти да склучат договор најдоцна до март, ќе ја направи делницата Скопје – Блаце поатрактивна за концесионерите.
– Вчера во Тирана имав средба со министерот за транспорт на Косово, ме информираше дека тие веќе имаат избрано градежна компанија и во тек е фаза на жалба. Очекуваат најдоцна во март да склучат договор за работа и да почнат со градба на делницата од
Приштина кон Скопје. Тоа уште повеќе ќе го направи пакетот Скопје-Блаце поатрактивен за концесионерите – изјави Јанакиески.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top