Отсега граѓаните ќе можат да се информираат за состојбата на патиштата и граничните премини преку новиот портал на Јавното претпријатие за државни патишта www.roads.org.mk, кој почна да функционара од денеска.
Министерот за транспорт и врски Миле Јанакиески рече дека ваква алатка се користи во повеќе земји членки на ЕУ, а отсега ќе биде достапна не само за граѓаните на Македонија, туку и за туристите.
-Оваа веб страница нуди нови информации на граѓаните за состојбата на патиштата, кои преку поставените камери на наплатните рампи и граничните премини ќе можат да видат каков е протокот на возила во реално време и да имаат увид за тоа до каде е рализацијата на проектите кои се дел од програмата на јавното претпријатие – истакна Јанакиески.
Тој додаде дека благодарение на новата веб страница секој граѓанин јавно ќе може да види до каде е постапката на регионалните, магистралните и локалните патишта за кои е заинтересиран, детали за самите проекти со фотографии, и јавно да провери кои јавни набавки се завршени.
-Овој портал посебно ќе се користи во летниот период кога има поголемо движење на возила на наплатните рампи и на граничните премини- рече ресорниот министер.
Тој нагласи и дека откако се поставени камери на сите наплатни рампи во државата има драстично зголемување на приходите од патарините, односно приходите минатата година биле зголемени за 20% споредено со 2012, и изнесуваат 1.38 милјарди денари.
Порталот ги содржи сите потреби информации за тоа дали има застој на некој од патните правци, градежни активности, калкулатор за растојание, како и податоци за моменталните температури.
Овие податоци, како што нагласи Јанакиески секојдневно ќе се ажурираат во соработска со АМСМ.
Директорот на Јавното претпријатие за државни патишта Љупчо Георгиевски истакна дека овој портал претставува максимален отчен на Јавното претпријатие кон граѓаните.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.