Второто продолжение на балканскиот мегахит „Монтевидео, се гледаме“ од четврток, 13 февруари е на редовниот репертоар на скопското кино „Милениум“. Од киното најавуваат уште две премиери, освен „Монтевидео, се гледаме!“, чиј режисер и продуцент е актерот Драган Бјелогрлиќ.
Станува збор за најновиот филм режиран од оскаровецот Џорџ Клуни „Чувари на наследството (The Monuments Men)“, со фантастична актерска екипа предводена од Мет Дејмон, Бил Мареј, Кејт Бланшет и самиот Клуни, како и одличната „Зимска Приказна“, режирана од уште еден оскаровец Акива Голдсман, со Колин Фарел, Џесика Браун Финдли и Расел Кроу.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Поврзани вести
-
Специјална проекција на филмот „На мапата“ посветен на Тал Броди, кошаркар на „Макаби“
-
„Младешка осаменост“ – хибридниот документарец на Клер Симон во кината низ Македонија
-
Детскиот филм „Господин Мол и фабриката за чоколадо“ во кината низ Македонија
-
„Македокс“: Зимска реприза на филмот „Над возможното“ во кино Култура