Цената на златото ja достигна највисоката вредност од минатиот ноември наваму. Ова се случи откако инвеститорите направија проценка на идното намалување на стимулациите за американската економија, а кинеските купувачи ја зголемија побарувачката, поддржувајќи рекордни нивоа на потрошувачка од минатата година. Среброто, платината и паладиумот исто поскапеа, пишува “Блумберг”.
Златото за итна испорака поскапе за речиси еден процент и се тргуваше за 1 287,81 долари за унца – највисока вредност од 18 ноември наваму. Во 3:01 часот по локално време на берзата во Сингапур цената му беше 1 283,85 долари.
Среброто додаде 0,2% на својата вредност, достигнувајќи центи од 20,117 долари за унца. Ова е осми ден по ред на поскапување.
Платината забележа трети ден на поскапување, откако нејзината цена се зголеми за 0,4 проценти до 1 391,63 долари за унца.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.



