наградната игра „Фискална во рака – награди без мака“Почнува карванот со истурените пунктови низ Македонија за наградната игра „Фискална во рака – награди без мака“. Како што објави Министерството за финансии.
Пунктовите на Државна лотарија на Македонија, каде граѓаните ќе можат да ги оставаат ковертите со фискални сметки за учество, ќе се движат по градовите во насока на стрелките на часовникот. Граѓаните ќе можат од 10:00 до 16:00 часот да го достават своите пликоа во сандачињата за наградната игра пред продажните места на Државна Лотарија според следниот распоред:
Вторник 11.02. ВЕЛЕС
Среда 12.02. ШТИП
Четврток 13.02. КОЧАНИ
Петок 14.02. СТРУМИЦА
Сабота 15.02. ГЕВГЕЛИЈА
Недела 16.02. КАВАДАРЦИ
Понеделник 17.02. ПРИЛЕП
Вторник 18.02. БИТОЛА
Среда 19.02. ОХРИД
Четврток 20.02. СТРУГА
Петок 21.02. КИЧЕВО
Сабота 22.02. ГОСТИВАР
Недела 23.02. ТЕТОВО
Во Скопје пак, секој ден ќе функционираат три истурени пунктови на Наградната игра и тоа на улица „Македонија“. Главна награда на извлекувањето на 24 февруари ќе биде Сеат Ибица, а ќе бидат доделени и 150 вредносни ваучери од 1.000 до 60.000 денари.
Новото извлекување на наградната игра ќе биде на 24 февруари 2014 год. Правилата за учество се едноставни – 20 фискални сметки со датум од 15.11.2013 наваму да се стават во стандарден бел коверт и да се испратат до Државна Лотарија на Македонија со назнака за „Фискална во рака – награди без мака“. Граѓаните на овој начин можат лесно да дојдат до вредни награди, но истовремено помагаат во изградба на патишта, училишта, болници и други капитални проекти во Македонија.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.


