| четврток, 6 декември 2018 |

Познат српски музичар се запалил во кревет

Познатиот кафеански музичар и гитарист Зоран Живановиќ Живан пред неколку дена настрадал во својот дом во Ниш. Полицијата наведува дека се задушил од преголемата концентрација на јаглерод моноксид во собата каде се разви пожарот, како и дека нема сомнителни околности околу неговата смрт. Според првичните наоди, тој лошо ја изгаснал цигарата или пак заспал со запален жар на неа, а кога починал, огнот ја зафатил левата страна од телото.

-Лошо изгаснатиот пикавец од цигара е причина за трагедијата. Пожарот зафатил некои листови хартија, а потоа и жртвата Живановиќ кој претходно се загушил од чадот. Живеел сам, немало кој да му помогне – изјавија од полиција.

Зоран Живановиќ неколку децении беше еден од најпознатите нишки гитаристи со искуство во многу познати нишки бендови, а последните неколку години работел во ресторан во Тврдината.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top