| четврток, 6 декември 2018 |

Украден сефот од обложувалницата „Моцарт“ во Битола

Во неделата околу четири часот и 50 минути била ограбена обложувалницата „Моцарт“ во Битола лоцирана на улица „Прилепска“, информираат од Министерството за внатрешни работи. Непознат сторител извршил тешка кражба во објектот откако претходно насилно ја отворил влезната врата и потоа го одзел металниот сеф. Крадецот го напуштил местото побогат за 165.900 денари, пари кои биле заклучени во сефот.

По направен увид полицијата ги презема сите мерки за откривање на сторителот

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top