| четврток, 6 декември 2018 |

Преку ноќ украден цел дуќан сосе ѕидови

ograbena prodavnica

Непознати крадци ноќта меѓу саботата и неделата украле цела продавница со инвентарот и со надворешните ѕидови! Кражбата сама по себе е куриозитет затоа што продавницата е во самиот центар на Белград, во местото Зелени венац и никој од локалните жители и продавачи од околните локали не видел кога е извршена кражбата.

Ненад Савиќ, сопственик на пекарницата „Сомунче“ вели дека непознати сторители за викендот со алат ја исекле монтажната фасада на продавницата за брза храна и го однеле целиот инвентар. Савиќ локалот го земал под закуп и требало да почне со работа во вторник.

– Во локалот бев до 21 часот во саботата. Поставував рефлектори и се подготвував за почеток на работата. Сега немам ништо . Однеле сè, до филџани и виљушки. Ја оставиле само тоалетната школка. Штетата е околу 15.000 до 20.000 евра – вели Савиќ.

Тој на почетокот на февруари го земал под закуп локалот од Бранислава Петроски.

Таа е во шок и претпоставува кој стои зад ова разбојништво и не сака да го открие нивниот идентитет. Бранислава очекува полицијата брзо да ја заврши истрагата и да го открие сторителот.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top