-СДСМ функционира со измамничка тактика, која ја спроведува веќе подого време. Се сеќавате на измамничките тактики дека ќе падне Северната трибина на Градскиот стадион, па потоа следуваше дека ќе вработат по еден од секое семејство. Со измамничка тактика тврдеа дека во буџетот ќе нема пари за плата и за пензии, а сега на ред е здравството. Тие така функционираат со измамничка тактика- изјави денеска министерот за здравство Никола Тодоров, коментирајќи го СДСМ, кој го обвини дека Министерството што го раководи непотребно нарачало илјадници тони мазут за скопскиот Клинички центар.
– Има две работи кои се значајни. Што ќе се случи со скопскиот Клинички центар ако се создаде проблем со доставата на природен гас. Да го затвориме? Овој објект е од најважно значање за државата. Според договорот што го имаат потпишано Заеднички служби, може да се набави мазут колку ќе затреба. Последната цистерна влезе во Клинички на 16 декември минатата година. Пред да се гасифицира, секој ден влегуваа по две цистерни. Сега Клинички користи природен гас, кој е многу поевтин и не ја загадува животната средина како мазутот – нагласи министерот Тодоров.
Вчера, потпретседателот на СДСМ, Дамјан Манчевски, изјави дека Клинички центар склучил договор со ОКТА за набавка на мазут за цела 2014 година, во износ од 2 милиона и 670.906 евра, за греење на клиниките, спротивно на изјавите на министерот за здравство Никола Тодоров дека клиниките се греат на гас од зимава.
Министерството за здравство, пак, вчера ја информира јавноста дека набавката на мазутот не значи и негово користење, како реакција на сомневањата на СДСМ дека место со гас, клиниките се греат на мазут.
– Постоење на завршена јавна набавка, самото по себе, е различно од реализиран промет. Јавната набавка за која говори господинот Дамјан Манчевски, која воопшто не е тајна, претставува договор со плаќање по испорака, што крајно симплифицирано значи, ќе се плати колку што ќе се потроши. За носителот на набавката, во овој случај ЈУ Заеднички служби, нема никаква финансиска обврска ако не се изврши нарачка и испорака на нафта. Тоа значи дека максималната вредност на набавката не може да се смета за апсолутна. Колку за илустрација, истава установа во 2013 година склучила ист ваков договор со можност за повлекување на 4.000 тони, а се повлечени и потрошени само 1.000 тони, и за толку има обврска да се плати. Така и во оваа набавка. ЈУ Заеднички служби нема обврска да ја повлече ниту да ја плати количината која што во договорот е наведена како максимална – објасни Министерството.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Поврзани вести
-
Филипче се грижи за граѓаните, ама не знае како да стигнат до клиника!
-
Нов скандал во здравството: Отпадна најквалификуваната сестра, прва на листа, а се вработи последната
-
Панчо лут по приемот на Инфективна: Ако немаш врски на лекар, Господ нека ти е на помош!
-
Лекарите се налутија: Не го прифаќаат зголемувањето од 5 отсто



