| четврток, 6 декември 2018 |

Цената на бензините останува иста

Benzinska-pumpa-1

И во наредните две недели ќе се возиме по стара цена. Регулаторната комисија реши да не ги промени малопродажните цени на нафтените деривати.

Тоа значи  дека малопродажните цени на ЕУРОСУПЕР БС-95, ЕУРОСУПЕР БС-98, ЕУРОДИЗЕЛ (Д-Е V) остануваат исти во однос на претходно утврдените цени. Така, цената на ЕУРОСУПЕР БС-95 и во наредните две недели ќе изнесува 78,00 денари за литар, цената на ЕУРОСУПЕР БС-98 ќе биде 79,50 денари,  а цената на ЕУРОДИЗЕЛ (Д-Е V) ќе изнесува 69,00 денари за литар. Малопродажната цена на екстра-лесното масло за домаќинство (ЕЛ-1) се намалува за половина денар и ќе изнесува 57,5 денари за литар.

Малопродажната цена на мазутот М-1 НС се зголемува за 0,795 денари и ќе се продава за 40,881 денари за килограм.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top