| четврток, 6 декември 2018 |

„Њујорк тајмс“: Грчки чиновници не ги ни помнат сите поткупувања

Една од подморниците за кои се дадени над 4 милијарди долари

Една од подморниците за кои се дадени над 4 милијарди долари

„Њујорк тајмс“ во напис за корупцискиот скандал со оружје за кој грчките власти водат истрага, посочува на изјавите на поранешен грчки  заменик-министер за одбрана, Андонис Кантас, кој пред судот вели дека толку многу се давани поткупи и провизии за оружени програми во Грција, што е тешко да се запаметат.

„Корупцијата била толку многу распространета во грчкото Министерство за одбрана, што службеник на не толку висок ранг, како Андонис Кантас, можел на својата функција за пет години да собере 19 милиони долари“, пишува весникот. Како пример се наведуваат и повеќе од 4 милијарди долари дадени за германски подморници од грчкото Министерство за одбрана, кои практично стојат напуштени во бродоградилиште надвор од Атина. Според „Њујорк тајмс“, Грците се навикнати на корупциски скандали, но се шокирани од признанието на Кантас, потенцирајќи дека истрагата против поранешниот чиновник влеала надеж дека веројатно тоа е „почеток на крајот на големата корупција“, која доведе до сегашната криза во земјата.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top