| четврток, 6 декември 2018 |

Меѓународна научна конференција „За љубовта“ во Скопје

Здружението за компаративна книжевност на Македонија (ЗККМ) и Здружението на класични филолози „Антика“, во рамките на своите научни активности, организираат меѓународна научна конференција „За љубовта“, која ќе се одржи на 6 јуни 2014 година во Скопје. Во информацијата за настанот се вели: „Конференцијата е во функција на поттикнување меѓусебна соработка и на дијалог помеѓу специјалистите од хуманистичките науки и има цел збогатување на научните согледби во областа на книжевната наука, на компаративистиката, на класичната филологија, на филозофијата, на фолклорот, на антропологијата и на културолошките студии.

Имајќи ги предвид вашите истражувачки интереси, ни претставува задоволство да ве поканиме да учествувате со свое излагање. Очекуваните прилози не се ограничени во однос на разните аспекти на темата и можат да се однесуваат на:

-Моќта на љубовта
-Човекот и љубовта
-Љубовен дискурс
-Типови љубов (еротска, пријателска, семејна, мајчинска, братска, гостопримлива, наклонета, верна, страсна, лажна, искривоколчена итн.)
-Љубовта како духовна движечка сила
-Љубовта во хеленската и во римската лирика
-Сапфичка љубов
-Митови за љубовта
-Љубовта и бракот
-Телото и љубовта
-Ars amatoria
-Љубовна реторика
-Љубовна гестикулација
-Номадизмот или Дон Жуан
-Неостварена љубов
-Љубовен дијалог Запад-Исток
-Историја на сексуалноста
-Моногамија или полигамија
-Сексуална симболика
-Фигурата на таткото/мајката
-Милосрдна, самариќанска, христијанска или верска љубов
-Телесни гревови
-Развојот на харемот
-Алегориски претставувања на жената-мажот
-Егзилот и патриотизмот
-Семејството во Европа и во Америка
-Феминистичка револуција
-Ерос и Танатос
-Мистеријата на сексуалноста
-Епистемологија на стриптизмот
-Девијантниот еротизам на дваесеттиот век
-Сексуалност, моќ и власт
-Љубовта во визуелните уметности
-Кибер- љубов
-Љубовна семантика

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top