| четврток, 6 декември 2018 |

Кери најави меѓународна конференција за Сирија

keriМеѓународната конференција за Сирија би можела да биде одржана во Њујорк следната недела, изјави денеска американскиот државен секретар Џон Кери по средбата со генералниот секретар на ОН, Бан Ки-мун.

– Разговаравме за Сирија и за потребата да се покренат преговори под покровителство на ОН и се надеваме дека примирјето ќе стапи во сила, истакна Кери.

Тој додаде дека Меѓународната конференција за Сирија зависи од исходот на престојната конференција меѓу претставниците на сириската опозиција, која е во организација на Саудиска Арабија.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top