Нови 14 наслови од владиниот проект за превод на илјада стручни книги од кои се учи на врвните универзитети во светот беа промовирани денеска и со нив досега вкупно 874 се преведени, објавени и дистрибуирани на факултетите и во читалницата „1.000 книги“.
Новите книги се од медицината, ветерината, меѓународната политика, информатиката, земјоделството и од други научни области. Меѓу новите наслови на денешната, 52-ра промоција од 2009 година, кога почна реализицаијата на овој капитален проект, премиерот Никола Груевски ја издвои книгата „Меѓународните односи и Европската унија“ на Кристофер Хил од Универзитетот Кермбриџ и Мајкл Смит од Универзитетот Лоубороу.
– Книгата ја проучува Европската унија како актер во меѓународните односи, ја проучува позицијата што таа ја поседува како сила на меѓународната сцена. Анализите во оваа книга овозможуваат разбирање на начините на кои ЕУ произведува меѓународни асти, но и на патиштата по кои меѓународната димензија влегува во внатрешните процеси на создавање на политиката во Унијата, рече Груевски.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Поврзани вести
-
„Антолог“ објави два историски романи од исландски автори: „Сага за Јон“ и „Солзите на ангелите“
-
Промоција на „Збирка воздишки збрани од ливадата на стиховите“ од Сандра Авросиевска и изложба на Васко Ташковски во Паркот на книгите
-
Институтот „Јунуз Емре“-Скопје ќе донира книги на отсекот по турски јазик на Филолошкиот факултет
-
Романите на Ермис Лафазановски објавени во Каиро и во Софија