| четврток, 6 декември 2018 |

Во масовна тепачка помеѓу Делије и Гробари рането 26 – годишно момче

Policija-masovna-tepacka

Како што пренесуваат српските медиуми вчера вечер во масовна тепачка на навивачките групи на Делије и Гробари во белградската населба Браќа Јерковиќ, рането е 26-годишно момче.

Се претпоставува дека навивачите на Црвена Звезда ги пречекале навивачите на Партизан и дошло до масовна тепачка, а пукале и пиштоли.

Еден од учесниците во тепачката е ранет и завршил во Ургентниот центар во Белград, а приведени се голем број од навивачите.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top