| четврток, 6 декември 2018 |

Јанукович и Путин се сретнаа во Сочи

-Разговараа на стадионот. Немаше официјална билатерална средба, тоа не беше планирано во програмата на посетата на Јанукович во Сочи. Претседателот ноќта кон саботата се врати во Украина, соопшти денеска портпаролот на украинската претседателска админситрација.
Слична штура информација даде во Сочи и портпаролот на рускиот претседател, Дмитриј Песков.
Рускиот претседател Владимир Путин се сретна со својот украински колега Виктор Јанукович по повод отворањето на Зимските олимписки игри во Сочи во петокот навечер, соопштија двете страни. Двајцата портпароли не соопштија ништо за темата на разговорот кој јавноста со нестрпливост го очекуваше поради долгата политичка криза во земјата предизвикана откако претседателот Јанукович, како што образложи – поради тешката економска ситуација во земјата, поради решението да го суспендира потпишувањето на Спогодбата за приближување со Европската унија и да земе заем од Русија што опозицијата го смета за напуштање на европскиот курс и свртување на Киев кон Москва. Од ланскиот ноември кога започнаа протестите во Киев, кои во меѓувреме прераснаа во безредија и судири со полицијата, загинаа тројца демонстранти а беа пронајдени убиени и двајца полицајци, додека повеќе од 500 луѓе се повредени.

Кремљ во саботата, покрај сиромашното соопштение за средбата меѓу Путин и Јанукович, додаде и дека рускиот претседател во Сочи во петокот навечер имал куси билатерални средби и со челниците на Кина, Таџикистан, Холандија и Турција, а за време на „приемот поразговарал со повеќе од половината од 44 шефови на земји и влади кои присуствуваа во Сочи”.

Во информацијата се додава и дека претседателот Путин во сабота ќе се сретен со јапонскиот премиерот Шинзо Абе, како и со претседателот на Киргизија. Претходно Путин изјави дека има намера со странсктие членици да разговара за низа меѓународни проблеми. „Убеден сум дека тоа е можност (Сочи) која треба да ја искористиме за да разговараме во мирна и оптимистичка атмосфера”, рече рускиот претседател.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top