| четврток, 6 декември 2018 |

Се продава деловен простор и паркинг места во „Судска палата“

Општина Центар објави оглас за продажба на деловен простор и паркинг места во катната гаража „Судска палата“.Се продаваат деловни простори на приземјето со сопствена гардероба и тоалет со почетна цена од 1.400 евра за метар квадратен, како и деловни простории на првиот кат организирани во два блока. Во блок 1 просторот има капацитет за три канцеларии, со посебен коридор и два тоалети. Во блок 2 просторот опфаќа пет канцеларии, посебен коридор и два тоалети. Почетната цена за продажба е 1.250 евра за метар квадратен.

Од Општината информираат дека се продаваат и паркинг места во сутеренот.
Продажбата ќе се изврши по пат на јавно наддавање на 25 февруари 2014 година во 12 часот. Право на учество имаат сите домашни и странски физички и правни лица, под услови определени со закон.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top