| четврток, 6 декември 2018 |

Суад Зељковиќ, премиерот на кантонот Сараево си поднесе оставка

Премиерот на кантоналната Влада во Сараево, Суад Зељковиќ, од Партијата за демократска акција (СДА), денеска поднесе оставка. Тој, како што наведе, ја поднел оставката на состанок на партијата. Претходно босанските медиуми јавија дека Зељковиќ на новинарка од телевизијата „Хајат“ и упатил вулгарни зборови кога таа го прашала дали може да и даде изјава. Во меѓувреме, околу 200 граѓани, главно млади луѓе, се собрале попладнево пред зградата на Претседателството на БиХ, блокирајќи го сообраќајот во овој дел на Сараево.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top