| четврток, 6 декември 2018 |

Димевски кандидат за претседател на ФИБА

Претседателот на Македонската кошаркарска федерација (МКФ) Даниел Димевски ќе се кандидира за функцијата прв човек на ФИБА Европа.

Димевски го соопшти ова на денешното редовно Годишно собрание на МКФ, кое сѐ уште трае во Охрид.

Одлуката за избор на нов претседател на ФИБА Европа ќе биде донесена на 22. мај.

Димевски во обраќањето пред делегатите се осврна и на работата на МКФ во изминатиот едногодишен период.

Од вкупно 38, присутни се 23 членови, од кои 19 со право на глас кои ќе треба да одлучуваат за предложените промени во регистрацискиот правилник, за финансискиот извештај и за новостите во мини баскет лигата.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top