Вчера во зградата позната како Ибни Пајко спроти старата скопска Автобуска станица, група граѓани кои се претставиле дека се од Исламската верска заедница, насилно ги смениле бравите на фризерски салон и на очна ординација сместени во зградата, извести МВР.
Луѓето кои се претставувале дека се од ИВЗ, покажувале имотни листови дека наводно објектите се во нивна сопственост. Кога дошле до ресторан „Пирин“ сместен во истата зграда, сопственикот одбил да излезе, при што истите сакале насилно да го изнесат од објектот.
СВР-Скопје презема мерки за расчистување на настанот, при што лицата кои се претставувале во име на ИВЗ се идентификувани и повикани во полициска станица со нив е извршен службен разговор и во консултација со надлежен јавен обвинител доколку се утврди дека има основа против нив ќе биде поднесена кривична пријава за сторено кривично дело – „самовластие“.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.