СВР Битола поднесе две кривични пријави против Р.М.(44), Д.Е.(18) и С.Е.(21), сите од Битола, поради постоење основи на сомнение за сторени 19 кривични дела тешка кражба.
Пријавените во периодот од јануари до февруари 2017 година во централното градско подрачје во Битола, со употреба на физичка сила и користејќи погодни алати, влегувале во дуќани, колонијални продавници, ќебапчилници, продавници за облека, продавници за бела техника, цвеќари и берберски дуќани и одземале предмети и пари. На тој начин пријавените предизвикале материјална штета од 158.500 денари.
По преземени мерки и активности, СВР Битола го лиши од слобода првопријавениот Р.М. и истиот се наоѓа во притвор во Битола.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.