| четврток, 6 декември 2018 |

ИВЗ насила присвои локали во Ибни Пајко

ibni pajkoПретставници на Исламската верска заедница денеска ги презеле дуќаните на приземјето на зградата Ибни Пајко во непосредна близина на Камениот мост во Скопје, јавува Канал 5

Облечени во цивилна облека тие денеска влегле во два од трите дуќани – оптиката Геталдус и една фризерница и на вработените им наложиле да ги напуштат затоа што тие биле во нивна сопственост. Во едниот од дуќаните, фризерница, била обиена влезната врата и сменета бравата.

Според ИВЗ нивната акција била легална.

Од МВР велат дека има пријава од сопствениците на фирмите, па во меѓувреме ги проверат наводите во пријавата.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top