Претставници на Исламската верска заедница денеска ги презеле дуќаните на приземјето на зградата Ибни Пајко во непосредна близина на Камениот мост во Скопје, јавува Канал 5
Облечени во цивилна облека тие денеска влегле во два од трите дуќани – оптиката Геталдус и една фризерница и на вработените им наложиле да ги напуштат затоа што тие биле во нивна сопственост. Во едниот од дуќаните, фризерница, била обиена влезната врата и сменета бравата.
Според ИВЗ нивната акција била легална.
Од МВР велат дека има пријава од сопствениците на фирмите, па во меѓувреме ги проверат наводите во пријавата.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.


